Свет Се зголемува бројот за заболени од БИРС во Јужна Кореја

Се зголемува бројот за заболени од БИРС во Јужна Кореја

Министерството за здравство на Јужна Кореја соопшти дека се потврдени уште 14 нови случаи на блискоисточен респираторен синдром (БИРС). Бројот на заболените е зголемен на 122.

Повеќе од илјада лица се наоѓаат во карантин поради епидемијата, а затворени се 2.474 училишта, вклучувајќи и 22 универзитети.

Претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун-хје, поради ситуацијата ќе ја одложи посетата на САД. Таа требаше в недела да отпатува за Вашингтон, каде во вторник требаше да има средба со претседателот Барак Обама.