Забава Раперот Снуп Дог уапсен во Шведска под сомнеж дека возел дрогиран

Раперот Снуп Дог уапсен во Шведска под сомнеж дека возел дрогиран

Американскиот рапер Снуп Дог бил уапсен од шведската полиција, под сомневање за користење илегални дроги по неговиот концерт во Упсала, Шведска, пренесува „Хафингтон пост“.

Раперот бил ослободен откако му бил направен тест за дрога.

Како што јавува „Хафингтон“, Снуп Дог на „Инстаграм“ поставил неколку објави во врска со апсењето, во кои тврди дека бил уапсен за ништо, обвинувајќи ја шведската полиција за расизам, велејќи дека повеќе никогаш нема да дојде во земјата.

Полицискиот портпарол соопштил дека Снуп покажувал знаци дека вози под дејство на дроги и дека резултатите од тестот ќе бидат готови за околу две недели.

На обвинувањата за расизам, портпаролот изјавил: „Ние во Шведска не работиме така“.