Македонија Рангелова: Правото на глас не може да биде оспорено од стравот на...

Рангелова: Правото на глас не може да биде оспорено од стравот на СДСМ од избори

„СДСМ нема одговор, ниту капацитет за да ѝ парира на ВМРО-ДПМНЕ на конструктивен начин кога станува збор за проекти од општо добро за граѓаните. Единствен одговор кој може да го понуди СДСМ е деструкцијата и фабрикувањето нови афери и манипулации“, вели Даниела Рангелова, претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните се свесни како гласале и за кого гласале. Нивното право на глас не може да биде оспорено од стравот на СДСМ од излегување на избори. Сè што видовме беше проблематизирање на системот на адреси и улици. Истиот систем кој функционира со години наназад и кој се реформира интензивно изминативе години. Вистината е таа дека ВМРО-ДПМНЕ победува во девет последователни изборни циклуси со разлика од 200.000 гласови затоа што се бори со програма и со проекти кои директно се одразуваат на животот на граѓаните. Значи, разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не е 10 гласа, не е 100 гласа, ниту 10.000 гласа. Разликата е огромна и нема да биде надмината со континуирано лажење, манипулирање и со фабрикување афери – реча Рангелова.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ да не ги попречува подготовките за изборите и да не размислуваат за сценарија со кои повторно Македонија ќе ја ставаат во заложништво на нивното немање капацитет за да се изборат за довербата на граѓаните.