Свет Балкан Ранет познатиот косовски адвокат Азем Власи

Ранет познатиот косовски адвокат Азем Власи

Косовскиот адвокат и поранешен југословенски политичар Азем Власи, ранет е утринава, околу 8 часот, пред својот стан во Приштина.

Косовската полиција, за балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“, потврди дека едно лице на возраст од 68 години е рането и оти, според полициски сознанија, лицето е надвор од животна опасност.

Засега не е познат мотивот за нападот, а повеќе детали за случајот ќе бидат соопштени во текот на денот.