Свет Балкан Радев влезе во колизија со ЕУ заради „влијанието“ на С. Македонија

Радев влезе во колизија со ЕУ заради „влијанието“ на С. Македонија

Радев реагираше и го обвини Скопје за лобирање и го постави прашањето дека „никогаш досега не било дозволено земја-кандидат за членство да има такво влијание врз работата на европските институции“

Фото: Медуапул.бг

Бугарскиот претседател Румен Радев влезе во колизија со европските институции заради политиката кон Северна Македонија. Во понеделникот тој испрати остра реакција до европските лидери, откако неколку часа претходно, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел, најави дека од европска гледна точка, нема пречка за пристапување на Северна Македонија, пренесе „Медиапул.бг“.

Радев реагираше и го обвини Скопје за лобирање и го постави прашањето дека „никогаш досега не било дозволено земја-кандидат за членство да има такво влијание врз работата на европските институции“.

Претстедателот и од него назначените службени претставници, го заострија тонот кон македонските власти, но од тоа ништо не произлезе, па билатералните односи достигнаа ново, пониско ниво.

Новата влада на Николај Денков најави дека сака да ја смири ситуацијата и повика на сличен став од Скопје, за да ги унапреди своите евроинтеграции.

ЕУ: Билатералните прашања нема да го одредат процесот на пристапување

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Жозеп Борел, изјави дека „билатералните прашања не треба да бидат обврзувачки и тие нема да го одредат процесот на пристапување“.

„Северна Македонија добро напредува и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиниот пристап во ЕУ. Во овој пристап строго ќе се почитуваат европските принципи и стандарди. За ова дефинитивно е неопходна добра соработка и регионалната соработка останува суштински елемент, како и стабилизација, за да може да се спроведе процесот на пристапување“, посочи Борел на прашањето кои ќе бидат следните чекори ако Северна Македонија не го признае постоењето на етничко бугарско малцинство во нејзиниот устав до ноември.