Македонија Радев ќе им врачи бугарски пасоши на претседателот и секретарот на битолски...

Радев ќе им врачи бугарски пасоши на претседателот и секретарот на битолски „Иван Михајлов“

Потпретседателката Илијана Јотова ги потпиша указите за стекнување бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло

Љубчо Георгиевски (лево) со Христијан Пендиков секретарот на бугарскиот културен клуб Цар Борис Трети којшто беше брутално претепан во јануари. Фото: Фејсбук страница Културен центар „Иван Михајлов“ - Битола

Бугарскиот претседател Румен Радев на церемонија во Софија денеска ќе им ги врачи бугарските лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов, пренесува Бугарската национална телевизија (БНТ), цитирајќи соопштение од прес-службата на шефот на државата.

Љубчо Георгиевски е претседател, а Благој Шаторов е секретар на бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола – здружение на граѓани – којшто беше затворен бидејќи не се усогласи со најновите измени на Законот за здруженија и фондации, со кои се забранува величење на фашизмот од страна на организациите.

Името на БКЦ „Иван Михајлов“ неприфатливо, „пресече“ комисијата на Министерството за правда

Потпретседателката Илијана Јотова ги потпиша указите за стекнување бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло.

Според БНТ, со ова се става крај на еден парадокс, „претседателите на бугарските клубови во РСМ немаат бугарско државјанство и покрај заканите, вербалните и физичките напади кон некои од нив и кон нивните клубови, откриени во април 2022 година“.

„Иван Михајлов“ од Битола избришан од Централен регистар, официјална Софија реагира