Македонија Работници го чистат ОЈО од боите на „Шарената револуција“

Работници го чистат ОЈО од боите на „Шарената револуција“

Неколку работници денеска, качени на скала го чистеа објектот на Основното јавно обвинителство кое вчера вечер во герила акција беше офарбано од припадниците на „Шарената револуција“.

Синоќа, додека демонстрантите беа пред полициската станица „Пролет“, за поддршка на приведениот возач на пикапот на „Шарената револуција“, неколкумина беа пред Основното јавно обвинителство на Марко Зврлевски и оставија печат со боја.