Свет Европа Путин: Турција ќе зажали за уривањето на рускиот авион

Путин: Турција ќе зажали за уривањето на рускиот авион

Турција ќе зажали поради соборувањето на рускиот бомбардер во близина на сириско-турската граница, изјави рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека Москва нема да го игнорира фактот дека Анкара им „помага на терористи“.

Во годишниот говор за состојбата во земјата, Путин рече дека „не треба да се применуваат двојни стандарди во борбата против тероризмот“ или да се користат терористички групи за свои цели.

– Јас не разбирам зошто тие го урнаа „су-24“. Сите проблеми и разлики во мислењата можат да се решат на друг начин – рече рускиот претседател во говорот на Федералното собрание.

Тој додаде дека Русија има многу пријатели во Турција и дека тие треба да знаат дека нема бидат изедначени со владејачката врхушка.

– Знаеме кој во Турција заработува пари од нафта и врбува платеници – рече Путин.