Свет Путин со Меркел и со Оланд на 2 октомври во Париз

Путин со Меркел и со Оланд на 2 октомври во Париз

Рускиот претседател, Владимир Путин, на 2 октомври, во Париз, ќе има одвоени средби со германската канцеларка, Ангела Меркел, и со францускиот претседател, Франсоа Оланд, соопшти главниот советник на Кремљ.

Путин нема да има одвоени разговори со украинскиот претседател Петро Порошенко.

Путин и Порошенко ќе се сретнат во рамки на четиристраните преговори за решавање на украинската криза, рече политичкиот советник на Кремљ, Јури Ушаков.