Свет Европа Путин: Руската економија е во сива фаза

Путин: Руската економија е во сива фаза

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека руската економија во моментов е во сива фаза и дека државните резерви се доволни за следните четири годни.

Путин изјави дека резервите на земјата се доволни за следните четири години ако средствата се трошат со сегашното темпо.

Тој додаде дека оваа година се очекува помал пад на домашниот производ.

Путин рече дека порастот на цената на храната е резултат на мерките што се преземени поради развојот на секторот на земјоделството во услови на санкции.