Економија Путин предложи заедничка енергетска платформа на Самитот на БРИКС

Путин предложи заедничка енергетска платформа на Самитот на БРИКС

Рускиот претседател Владимир Путин им понуди на членките на БРИКС (организација во која членуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканска Република) заедничка платформа во областа на енергетските истражувања.

– Важно е да се зголеми дијалогот за енергетиката на овие пет земји – изјави Путин на самитот на БРИКС, кој почна денеска во Сијам.

Путин предложи да се основа заедничка енергетска платформа која би овозможила подобра размена на информации, аналитички и на научни податоци.

Тој потсети дека стратегијата на економско партнерство на БРИКС е основана на самитот во Русија во 2015 година.

– Сметаме дека треба да развиваме електронска трговија без пречки, да се поддржат малите и средни претпријатија и да има поголема ефикасност во партнерствата на државата и приватниот сектор – рече рускиот претседател.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг ги повика земјите – членки на БРИКС да играат поголема улога во светот, да го отфрлат протекционизмот и да внесат нова енергија во решавањето на разликите помеѓу богатите и земјите во развој.