Свет Путин: Политиката ја диктира цената на нафтата

Путин: Политиката ја диктира цената на нафтата

Во цената на нафтата секогаш е присутна и политичка компонента, изјави рускиот претседател Владимир Путин на прашањата од новинарите зошто паѓа цената на овој енергент.

– И не само тоа, во одредени кризни моменти се добива впечаток дека политиката преовладува во формирањето на цените на енергентите – рече Путин во интервју за кинеските медиуми пред посетата на Кина, каде ќе учествува на самитот АТЕС од 9 до 11 ноември.

Шефот на руската држава, во интервју за кинеските медиуми, ги наведе и економските фактори за намалувањето на цените на нафтата, а меѓу нив е и намаленото темпо на пораст на светската економија. Освен тоа, претседателот истакна дека стратегиските и комерцијалните резерви на нафта во развиените земји се поголеми од кога било.

– Дојдоа до израз и иновациите и технологиите на експлоатација на нафтата, кои, пак, доведоа до појава на нови количества фосилно гориво во регионалните пазари – нагласи Путин.