Свет Европа Путин нема да учествува на Генералното собрание на ОН

Путин нема да учествува на Генералното собрание на ОН

Претседателот на Русија, Владимир Путин, не планира оваа година да учествува во работата на Генералното собрание на Обединетите нации.

Ова го соопшти прес-секретарот на рускиот претседател, Димитриј Песков.

– Претседателот не планира да учествуваа во работата на Генералното собрание оваа година – рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали Путин во септември ќе оди во седиштето на ОН во Њујорк или шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе го менува таму.

Владимир Путин минатата година, првпат по 10 години, говореше на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации.

Песков исто така рече дека рускиот претседател нема намера да оди во Турција на пријателскиот меч помеѓу турската и руската фудбалска репрезентација.

– Не, тој ќе навива од дистанца – додаде Песков.

Фудбалските репрезентации на Русија и на Турија на 31 август ќе одиграат пријателски меч во турското летувалиште Анталија.