Свет Европа Путин нема да присуствува на заседавањето на Генералното собрание на ОН

Путин нема да присуствува на заседавањето на Генералното собрание на ОН

Рускиот претседател Владимир Путин не планира да учествува на годинешното заседавање на Генералното собрание на Обединетите нации, кое ќе се одржи на крајот на месецот.

– На претседателот тоа не му е во план – изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

Портпаролот на Кремљ не сакаше да ја коментира инцијативата на американскиот претседател, Доналд Трамп, пред почетокот на заседанието на Генералното собрание на ОН да одржи самит на светските лидери.