Свет Европа Путин: На Крим се случи Косово

Путин: На Крим се случи Косово

На Крим не се случи ништо поинакво од тоа што се случи во Косово, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за германската телевизија „А-Ер-Де“.

Путин истакна дека преседан е пресудата на Меѓународниот суд на правдата, според која, Косово има право на самоопределување и народот на Косово може да гласа за тоа дали сака своја држава или не. Таа, според рускиот лидер, е доказ како„меѓународните институции“ го дефинираат „меѓународното право“.

– Во одлуката стоеше најважното, дека кога станува збор за самоопределување на луѓето што живеат на одредена територија, не е потребно да се извести и прашува држава на чија територија во моментот се наоѓа. Не е потребна дозвола од централната власт за спроведување на мерките за самоопределување. Тоа е најважно. Во Крим ништо не се случи, освен тоа што се случи на Косово – рече Путин.