Македонија Путин: Мала е веројатноста за војна меѓу Русија и Украина

Путин: Мала е веројатноста за војна меѓу Русија и Украина

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека нема потреба од нов состанок со Франција, Германија и со Украина во врска со резолуцијата за судирите во источниот дел на Украина.

На новинарско прашање дали е можна војна меѓу Русија и Украина, Питин одговори дека тоа е малку веројатно.

– Мислам дека не е веројатно такво апокалиптично сценарио и се надевам дека нема никогаш да се случи. Луѓето што живеат на Крим одбраа што сакаат. Тоа треба да се почитува и Русија тоа не може да го третира на друг начин. Се надевам дека нашите партнери, домашни и странски, тоа наскоро ќе го гледаат на тој начин, затоа што мислењето на тамошните луѓе може да биде критериум за вистината за овој случај – рече Путин.