Свет Европа Путин ја предаде неговата кандидатура за претседателските избори

Путин ја предаде неговата кандидатура за претседателските избори

Претседателот на Русија, Владимир Путин и ја предаде на Централната изборна комисија документацијата за поднесување на кандидатура за претстојните претседателски избори.

Централната изборна комисија во понеделникот одби да ј регистрира кандидатурата на лидерот на опозицијата Алексеј Навални. Него кандидирањето му е оневозможено затоа што во 2013 година кривично е осуден за проневера од 16 милиони рубљи или околу 236.000 евра.

Путин на годишната конференција за медиумите во Москва одржана на средината на декември најави дека на изборите ќе излезе како самостоен кандидат.

Според истражувањата на јавното мислење во Русија, Путин моментално има поддршка од околу 80 отсто од граѓаните.

Претстојните избори за претседател на Русија ќе се одржат на 18 март, а предизборната кампања официјално започна на 18 декември.