Видео Путин им прати бакнеж на обожавателките во Италија

Путин им прати бакнеж на обожавателките во Италија

Рускиот претседател Владимир Путин го посети миланскиот „Експо“, каде обожавателите го пречекаа со аплаузи и со вресоци.

Сепак, тоа што го привлече вниманието на медиумите, е бакнежот кој рускиот претседател им го испрати на обожавателките.

Во стилот на филмските и на музичките ѕвезди, Путин, со насмевка на лице, мавтајќи им, им пратил бакнеж, а потоа се упатил на ручек со италијанскиот премиер Матео Рензи.