Свет Свет Путин и Обама се согласија за прекин на војната во Сирија

Путин и Обама се согласија за прекин на војната во Сирија

Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Барак Обама, се согласиле дека денеска треба да се прекине војната во Сирија и дека Обединетите нации треба да посредуваат меѓу завојуваните страни.

За време на 35-минутниот разговор на маргините на самитот Г20, Обама и Путин разговарале за напорите за пронаоѓање решение за судирите во Сирија.

Двајцата претседатели оцениле дека терористичките напади во Париз само ја зголемиле потребата за конфликтот во Сирија да се реши на најбрз можен начин. Белата куќа соопшти дека разговорот меѓу двајцата државници бил конструктивен.