Свет Путин и Ердоган разговараа за одржување преговори за Сирија во Казахстан

Путин и Ердоган разговараа за одржување преговори за Сирија во Казахстан

Претседателот на Русија, Владимир Путин, телефонски разговарал со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, за најновите случувања во Сирија, соопшти синоќа прес-службата на Кремљ.

Двајцата претседатели разговарале за можноста за одржување преговори меѓу сириските власти и умерената опозиција во казахстанскиот главен град Астана, при што, како што соопшти Кремљ, ја нагласиле потребата од блиска соработка меѓу Москва и Анкара во решавањето на сирискиот конфликт.

Путин и Ердоган претходно телефонски разговарале и со казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев, кој ја потврдил подготвеноста на неговата земја да биде домаќин на евентуални преговори меѓу завојуваните страни во Сирија.