Свет Европа Путин и Ердоган наесен ќе разговараат за „Турски тек“

Путин и Ердоган наесен ќе разговараат за „Турски тек“

Рускиот претседател Владимир Путин наесен ќе се сретне со турскиот колега, Реџеп Таип Ердога, и со двајца челници со кои ќе расправа за проектот „Турски тек“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Турскиот амбасадор во Москва денеска изјави дека во тек се разговорите за гасовод, кој би транспортирал руски гас во Европа преку Турција.

Изјавите доаѓаат откако турските претставници вчера соопштија дека разговорите се прекинати бидејќи Москва не го потпишала клучниот договор за дисконтни цени на гасот.