Свет Балкан Пусиќ: Да се намали тензијата меѓу Србија и Хрватска

Пусиќ: Да се намали тензијата меѓу Србија и Хрватска

Шефицата на хрватската дипломатија, Весна Пусиќ, денеска во Њујорк изјави дека Хрватска и Србија треба да ги намалат тензиите што настанаа поради бегалскиот бран и предизвикаа блокади на границите.

– Тензијата меѓу Хрватска и Србија е сосема непотребна и сметам дека е неопходно таа веднаш да се намали, но и да се почне со решавање на проблемите во партнерство со државите од ЕУ, но и со земји како Турција – рече Пусиќ, која во Њујорк учествува на 70. заседание на Генералното собрание на ОН.