Македонија Пуштени во употреба игралишта во Карбинци и во Штип

Пуштени во употреба игралишта во Карбинци и во Штип

Повеќенаменско игралиште

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, денеска предадоа во употреба повеќенаменски игралишта во општините Карбинци и Штип.

Во придружба на градоначалникот на општина Карбинци, Зоран Минов, прво во употреба беше пуштено повеќенаменското игралиште во село Таринци, општина Карбинци, а потоа со градоначалникот Илчо Захариев, го пуштија повеќенаменското игралиште во Штип.