Свет Европа Пуштена во оптек нова банкнота од 20 евра

Пуштена во оптек нова банкнота од 20 евра

Европската централна банка ја пушти во промет новата банкнота од 20 евра со унапредени безбедносни карактеристики за спречување фалсификување.

Новите книжни пари се испечатени во износ од 4,3 милијради евра и постепено ќе ги заменуваат банкнотите од 20 евра од првата серија, кои, исто така, ќе останат во употреба.

По банкнотите од пет евра во мај 2013 година и тие од 10 евра во септември 2014 година, ова е трета банкнота од серијата „Европа“.

Како и другите, содржи број со зелена боја која ги менува нијансите од зелена до сина во зависност од аголот на гледање.

Се планира новата банкнота од 50 евра да биде пуштена во оптек во вториот квартал на 2017 година.