Свет Свет Во пукотница во кафуле во Тел Авив загинале две лица

Во пукотница во кафуле во Тел Авив загинале две лица

Најмалку две лица загинале, а околу девет се повредени во пукотница што се случила во едно кафуле во центарот на Тел Авив.

Полицијата и брзата помош веднаш пристигнале на местото на настанот, а постои сомневање за терористички напад.

Точниот број на жртви сè уште не е утврден.

Градоначалникот на Тел Авив, Рон Хулдаи, упатил апел до граѓаните да останат мирни за надлежните институции да можат да го расчистат случајот.