Видео (ВИДЕО) Пукано на конвој на ОБСЕ во Источна Украина

(ВИДЕО) Пукано на конвој на ОБСЕ во Источна Украина

Униформирани лица на истокот на Украина вчера стрелаа на конвојот на меѓународните набљудувачи на Организацијата за европска безбедност и соработка, соопштија денеска од ОБСЕ.

Во соопштението се наведува дека униформираните мажи двапати пукале во возилата во движење, во близина на градот Маринка, кој е под контрола на владините сили е на 15 километри западно од Донецк.

„Куршумите минаа на околу два метра од возилото на ОБСЕ“, стои во соопштението.

Конвојот веднаш го напуштил местото по стрелбата.

Тимот на ОБСЕ се наоѓа на истокот на Украина за да ја надгледува примената на постигнатото примирје меѓу владините и проруските сили.