Свет Пукање во Луизијана, убиени тројца полицајци

Пукање во Луизијана, убиени тројца полицајци

Американските власти потврдија дека се убиени тројца полицајци при пукање во Батон Руж во Лузијана, а четворица се ранети. Еден од напаѓачите е убиен во акција на полицијата, а се верува дека двајца се во бегство.

Градоначалникот Кип Холден наведе дека властите се обидуваат да утврдат за каква ситуација станува збор.

Портпаролот на полицијата, Дон Копола, за телевизијата „Еј-би-си“ изјави дека ранети се неколку полицајци и дека се префрлени во болница. Копола не даде повеќе информации за повредените, ниту соопшти кој е одговорен за нападот.

Еден очевидец изјави дека напаѓачот бил маскиран маж облечен во црно.

Во Батон Руж неодамна беа организирани протести откако беа убиени неколку Афроамериканци.

Пред една недела во Далас беа убиени пет полицајци.