Свет Европа Пукање во болница во Берлин, убиен доктор

Пукање во болница во Берлин, убиен доктор

Во болница во Берлин утринава настанало пукање во кое е убиен еден доктор, јавува германскиот весник „Билд“, додавајќи дека напаѓачот потоа се застрелал себеси и се самоубил.

Полицијата веќе се наоѓа на местото на инцидентот.

Пукањето се случило во универзитетската болница „Бенџамин Френклин“ во округот Штиглиц.

Во Германија на сила се високи мерки за безбедност поради минатонеделните напади.

Сè уште не се знаат мотивите за нападот.