Свет Свет Пукање во близина на Универзитетот „Јута“, едно лице убиено

Пукање во близина на Универзитетот „Јута“, едно лице убиено

Полицијата на американскиот град Солт Лејк Сити соопшти дека едно лице е убиено во пукање кое се случило во близина на кампусот на Универзитетот „Јута“.

Локалните медиуми јавуваат дека во девет часот вечерта била прогласена тревога и дека студентите, професорите и вработените неколку часа биле заклучени.

Полицијата на „Твитер“ објави дека во тек е потрага за 24-годишниот Остин Бутејн, осомничен за пукањето, за кого се наведува дека е вооружен и опасен.

Во потрагата се вклучило и ФБИ, а ангажиран е и полициски хеликоптер.