Технологија Прва жена на чело на ЦЕРН

Прва жена на чело на ЦЕРН

Фабиола Џаноти

Италијанската физичарка Фабиола Џаноти во 2016 година ќе ја презеде функцијата директор на Европскиот центар за нуклеарно истражување (ЦЕРН). Таа ќе биде првата жена која ќе застане на оваа челна позиција.

Како што се наведува во соопштението на ЦЕРН, Џаноти од1994 година работи во одделот за физика во ЦЕРН. Таа го водела проектот АТЛАС во кој учествуваа 3.000 физичари од 38 земји.

Во ЦЕРН работи од 1987 година, а претходно докторирала нулеарна физика на универзитетот во Милано.