Дописници Прв број на тријазичниот весник „Заштита на регионот на Охридско Езеро“

Прв број на тријазичниот весник „Заштита на регионот на Охридско Езеро“

Денеска стартуваше првиот број од електронскиот весник „Заштита на регионот на Охридско Езеро“, кој е достапен на три јазици, македонски, англиски и албански јазик.

Весникот се објавува во рамки на Проектот за интегрална заштита на културното и природното богатство на Охридскиот Регион поддржан од УНЕСКО.

УНЕСКО се залага за заштита на наследството на охридскиот регион преку зајакнување на институционалните капацитети, развивање на мерки за негова одржливост и промоција, како и интегралност преку подготовка за ставање на албанската страна на регионот под заштита на УНЕСКО.

– Весникот е преглед на сите настани, факти и идни активности во контекст на промоцијата и на зајакнувањето на капацитетите на институциите во Охридскиот Регион, од македонска и од албанска страна. Весникот е издаден на три јазици, а именувањето е во согласност со политиките на УНЕСКО – вели Дејан Пановски од Министерството за животната средина.