Македонија Прскање против комарци во Скопје в сабота и в понеделник

Прскање против комарци во Скопје в сабота и в понеделник

Град Скопје соопшти дека в сабота во раните утрински часови на подрачјето на Скопје, ќе се врши авионско прскање против ларви од комарци.

В понеделник пак, во текот на денот ќе се врши прскање од земја.

Доколку условите не дозволуваат прскање в сабота и в понеделник, тоа ќе се изврши во првиот погоден ден, во истите термини.

Од Град Скопје ги предупредуваат пчеларите навреме да ги заштитат своите пчели.