Македонија „Протестирам“ пред Собрание во 13 часот

„Протестирам“ пред Собрание во 13 часот

Прес-конференција во 13 часот ќе одржи самоорганизираното граѓанско движење „Протестирам“.

Преку соопштение, здружението извести дека сметаат оти оставките се победа на граѓаните.

Тие бараат:

  • Итна оставка и преземање на политичка и на правна одговорност на целата Влада на чело со Никола Груевски за неуставното, корумпирано и неетичко владеење;
  • Итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму;
  • Формирање влада за демократизација на институциите и овозможување фер и демократски избори.

„Граѓаните, пак, ги повикуваме уште помасовно и поодлучно да се приклучат на протестите секој ден во 18 часот пред Владата на Република Македонија! Ова е само почеток! Заедно, сплотени во духот на солидарноста, правдата и на мирот, стоиме на браникот на слободата и сме посилни од кога било! Продолжуваме понатаму! Придружи се!“, пишува во соопштението на „Протестирам“.