Галерија Протест против законот за хонорарци

Протест против законот за хонорарци

Околу 3.000 граѓани, со транспаренти „Не сум економско робје“ и „Твојот данок, нивна иднина“, денеска излегоа на улица да го изразат незадоволството од законските измени во согласност со кои 35 отсто од хонорарите ќе се одвојуваат за плаќање здравствено, пензиско осигурување и данок за добивка.

Протестот почна со собирање пред споменикот „Прометеј“ во паркот Жена-борец, а потоа, минувајќи покрај Собранието, демонстрантите се упатија кон Министерството за труд и социјална политика.

Невладините организации што го организираат протестот велат дека законските измени се неповолни не само за хонорарците, туку и за вработените, кои со новите измени би можеле од вработени да добијат статус на хонорарци. Тие, исто така, оценуваат дека измените се дискриминирачки бидејќи не се однесуваат на сите, односно, од нив се изземени носителите на јавни функции.