Економија Просечната плата во јули изнесувала 25.104 денари

Просечната плата во јули изнесувала 25.104 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2019 година, изнесува 25.104 денари и е зголемена за 4,3 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна нето-плата по вработен во дејностите на здравствена и социјална заштита за 10,6 отсто, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 9,8 отсто и транспорт и складирање за 7,4 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во дејностите во врска со недвижен имот за 2,1 отсто, јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување за 1,9 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 1,9 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули изнесува 37.268 денари.