Свет Балкан Просечната нето плата во Словенија изнесува 1.004 евра

Просечната нето плата во Словенија изнесува 1.004 евра

Просечната бруто плата во Словенија во јуни пораснала за 1,2 отсто на годишно ниво и изнесува 1.540 евра, додека просечната нето плата е зголемена за 0,8 отсто и изнесува 1.004 евра, покажуваат податоците на словенскиот Завод за статистика.

На месечно ниво, платите пораснале за 0,7 отсто номинално, односно 0,8 отсто реално, наведува Заводот.

Просечната бруто плата во јавниот сектор пораснала за еден отсто на годишно ниво и изнесува 1.734 евра, додека просечната бруто плата во приватниот сектор е зголемена на 1,5 отсто и изнесува 1.417 евра.