Економија Просечната нето-плата во ноември изнесувала 24.548 денари

Просечната нето-плата во ноември изнесувала 24.548 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2018 година изнесувала 24.548 денари, а бруто-платата 36.017 денари и е зголемена за 5,8 проценти во однос на истиот месец 2017 година, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување пред сè се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите информации и комуникации (19,2 проценти), рударство и вадење на камен (18,6 проценти) и дејности на здравствена и социјална заштита (10,2 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење на камен (5,6 проценти), други услужни дејности (5,5 проценти) и финансиски дејности и дејности на осигурување (3,5 проценти).