Свет Пронајдено телото на детето што беше одвлечено од алигатор

Пронајдено телото на детето што беше одвлечено од алигатор

Американските власти го пронајдоа телото на детето што на плажа во хотел во Орландо беше зграбено и одвлечено од алигатор, соопшти шефот на округот Оринџ, Џери Демингс.

Демингс изјави дека нуркачите го пронашле телото на двегодишното дете, Лејн Грејвис, од Небраска, во 3.30 часот по локално време, односно 16 часа откако алигаторот го одвлекол.

Тој додаде дека на длабочина од помалку од два метри било пронајдено „целосно недопреното“ тело на момчето, само на десет метри од местото каде што било нападнато.

Најмалку пет алигатори биле фатени и распорени пред да биде пронајдено детето.