Свет Балкан Пронајдени тела на 22 мигранти во чамец во Медитеранот

Пронајдени тела на 22 мигранти во чамец во Медитеранот

Тела на 21 жена и на еден маж се пронајдени во чамец кој превезувал мигранти преку Медитеранот, соопшти хуманитарната организација „Лекари без граници“.

Организацијата навела дека повеќе од 200 преживеани се спасени од гумен чамец и се префрлени на еден од бродовите на организацијата.

Групата соопшти дека телата на настраданите долго се наоѓале во чамецот.

Други детали не се соопштени.