Свет Пронајдени човечки коски во масовни гробници во Мексико

Пронајдени човечки коски во масовни гробници во Мексико

Повеќе од 600 фрагментирани човечки коски се пронајдени во масовни гробници вон мексиканскиот град Тихуана, во близина на границата со САД.

Државното Здружение на исчезнати лица „Долна Калифорнија“ соопшти дека масовните гробници се лоцирани откако трговците со дрога во затвор дале информација за локацијата.

Досега се пронајдени меѓу 600 И 700 делови од човечки коски, а форензичарите велат дека за најмалку еден месец ќе заврши комплетната истрага.

Повеќе од 186.000 лица се убиени и уште 30.000 лица се исчезнати во Мексико од 2006 година, откако владата ја вклучи војската во борбата против организираниот криминал.