Свет Пронајдени 30 тела на патници на „Ер Азија“

Пронајдени 30 тела на патници на „Ер Азија“

Спасувачките тимови што трагаат по загинатите патници на „Ер Азија“, во Јаванско Море пронашле уште 30 тела, од кои пет сè уште биле врзани за седиштата, соопшти портпаролот на индонезиската морнарица.

Авионот со 162 патници и членови на екипажот, од непознати причини исчезнаа од радарите, откако пилотот најавил дека ќе го смени курсот на летање поради лошите временски услови. Во авионот имало 137 возрасни лица, 17 деца и едно доенче, како и двајца пилоти и пет членови на екипажот.