Свет Европа Пронајдена уште една бомба во Лондон

Пронајдена уште една бомба во Лондон

Лондонските медиуми јавуваат дека полицијата добила дојава за втора бомба и побрзала да ја обезбеди локацијата.

Весникот „Дејли телеграф“ објави снимка на која се гледаат полицајци како се подредуваат во кордон за да можат да им овозможат на специјалните единици да ја претресат локацијата.

На метро-станица во Лондон утринава се случи експлозија, во која неколку лица добија изгореници, а според најновите информации станува збор за терористички акт.

Полицијата соопшти дека во тек е истрага и дека ќе излезат со детали кога ќе имаат прецизни информации.