Свет Европа Пронајдена бомба покрај писта на аеродром во Диселдорф

Пронајдена бомба покрај писта на аеродром во Диселдорф

Седум летови на аеродромот во Диселдорф се откажани, откако во текот на ноќта, во близина на пистата е пронајдена бомба од Втората светска војна.

– Поради контролираната експлозија на бомбата, откажани се неколку полетувања и слетувања – соопшти портпаролот на аеродромот, Кристијан Хинкел.

Сè уште има многу неексплодирани бомби од времето на бомбардирањето на Германија во Втората светска војна. Најголемата евакуација поради неексплодирана бомба беше спроведена во 2011 година, кога поради неексплодирана бомба од градот Кобленз, беа евакуирани 45.000 лица.