Хроника Пронајдена бомба под автомобил во скопски Капиштец

Пронајдена бомба под автомобил во скопски Капиштец

Најдена е бомба поставена на тркало на автомобил во скопската населба Капиштец, информираат од МВР. Полицијата соопшти дека експлозивната направа е дадена на вештачење.

Сега полицијата работи на утврдување на намерите на поставувачот на бомбата и на откривање на неговиот индентитет.

Полицијата соопшти дека утрово во 8.50 часот било пријавено дека под автомобил „сеат ибица“ паркиран на улица Васил Ѓоргов во Капиштец, сопственост на З.К., има поставено експлозивна направа.