Хроника Пронајден женски леш во гостиварско Чегране

Пронајден женски леш во гостиварско Чегране

Женски леш вчера попладне, околу 15.25 часот, бил пронајден на брегот на реката Вардар, во гостиварското село Чегране, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, со интервенција на екипа на гостиварската територијална противпожарна едница, телото било извадено од реката, а од семејството на починатата било извршено препознавање.

Констатирано е дека станува збор за Марија Ј. (71) од Гостивар.

Од полицијата додаваат дека по наредба на јавен обвинител, на телото на почината ќе се врши обдукција во Медицинскиот центар во Гостивар.