Дописници Промоција на „Трофеј“ на Весна Петрушевска во Штип

Промоција на „Трофеј“ на Весна Петрушевска во Штип

Денеска напладне во спомен-собата на поетот Ацо Шопов во Дом на културата во Штип, ќе се одржи промоција на автобиографската книга на Весна Петреушевска – Бејби, насловена „Трофеј“.

Издавачката куќа „Три“, делото на популарната актерка и водителка го најавува како неверојатно искрена и трогателна исповед, преку која Весна ќе ја запознаеме од различни аспекти на нејзината личност од минатото и сегашноста. „Пред сè, како „машкуданесто“ девојче, како актерка која никогаш нема да се пензионира, како ТВ-водителка, стендап-комичарка, ќерка и сестра, дваесет и четиричасовна мајка и пријателка, домаќинка… Но, пред сè, како човек со големо срце“, велат од издавачката куќа.