Македонија Промоција на проектот „Е-пристапно образование во Република Македонија“

Промоција на проектот „Е-пристапно образование во Република Македонија“

УСАИД Македонија и здружението „Отворете ги прозорците“ денеска ќе го промовираат проектот „Е-пристапно образование во Република Македонија“, кој има цел да го подобри квалитетот на образованието за учениците со попреченост преку промоција на користењето асистивна технологија во редовните училишта.

На промоцијата, на која ќе присуствува и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, преку практична презентација и видеопроекција ќе бидат претставени придобивките од примената на асистивната технологија во образованието.