Дописници Промоција на  книгата „Македонска глаголица“ од академик Ѓорѓи Поп-Атанасов

Промоција на  книгата „Македонска глаголица“ од академик Ѓорѓи Поп-Атанасов

На „Научната и уменичка визита – 2015“, во организација на Македонската академија на науките и уметностите во Охрид, денеска ќе биде промовирана книгата „Македонската глаголица“ од академик Ѓорѓи Поп-Атанасов.

На промоцијата свое обраќање ќе има и поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски, г.г Стефан, додека делото ќе го промовира професор доктор Илија Велев.

Пред присутните, во „Куќата на Уранија“, каде што се одржува „Научната и уметничка визита“, ќе биде претставено и делото „Илустративен приказ на мапата на глаголицата“ од авторите Фехим Хусковиќ и Трајче Блажевски. Промотор ќе биде академик Катица Ќулавкова.