Култура Промоција на книгата „Култура и меморија“ од Марта Маркоска

Промоција на книгата „Култура и меморија“ од Марта Маркоска

Книгата обработува теми од современите научни истражувања во полето на Културологијата

Денеска во просторoт на книжарицата „Матица ексклузив“, во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Култура и меморија“ од Марта Маркоска.

Книгата обработува теми од современите научни истражувања на полето на културологијата: културната меморија како феномен на селективно помнење, времето и просторот како физички, но и антропоморфни феномени, филмот како метајазик на психичките сензации преточени во визуелен код, театарот како атар на другоста и неговата амбивалентност во општеството и телото како предмет на општествени конструкции и деконструкции.