Култура Промоција на книгата „Историја на Чешка“

Промоција на книгата „Историја на Чешка“

„Историја на Чешка“ е објавена деновиве, во издание на „Македоника литера“ и на „Македонска реч“

Промоција на книгата „Историја на Чешка“ од Јан Рихлик, Владимир Пенчев и од Новица Велјановски ќе се случи денеска во Младинскиот културен центар во Скопје.

„Историја на Чешка“ е објавена деновиве, во издание на „Македоника литера“ и на „Македонска реч“ од Скопје. Во неа е опфатена интегралната историја на Чешка од праисторијата, па до 2013 година. Презентирани се 16 периоди од историјата на Чешка, а на крајот се објавени и  географски карти, хронологија на поважните настани, список на владетели и државници низ историјата, како и на претседатели на влади.